Ахмети го најави Бујар Османи за претседател: ДУИ бара и потпретседател на државата

Од:

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи ќе биде кандидат за претседател на Демократската унија за интеграција, најави денес лидерот на партијата, Али Ахмети.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети имаше јавно обраќање во кое ги повика граѓаните да изберат претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите, односно со двојно мнозинство, според Бадентер.

„Ве поканувам да ни се придружите на најважниот референдум во тоа време за:
Кажете „не“ на Русија, „да“ на Европа! Ајде да избереме претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите и двојно мнозинство Бадентер. Бујар треба да ја очекува оваа промена што ја бараме и во нашата програма за 2016 и 2020 година.

Отворањето на Уставот за случајот на претседателот ќе овозможи и усвојување на Договорот за добрососедство и продолжување на европската интеграција.

Претседателот Стево Пендаровски ќе биде кандидат на СДСМ и ќе се бори за втор мандат во вилата Водно. На Пендаровски ова ќе му биде трета кандидатура во низа. Противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе му биде пратеничката Гордана Силјановска Давкова. Опозицијата објави вчера, а кандидатурата на Силјановска треба да ја потврди на партиска конвенција на почетокот на март.

Кандидатура објави и градоначалникот на Карпош и претседател на ГРОМ Стевче Јакимовски. Тој на последните претседателски избори ја поддржа кандидатката на опозицијата, но сега е веќе остар противник на ВМРО-ДПМНЕ.

Арбен Таравари е кандидат на здружената албанска опозиција, а прва кандидатура објави професорката Билјана Ванковска која ќе биде претседателски кандидат на Левица. Покрај тоа и лекарот Вело Марковски најавува дека ќе собира потписи за кандидатура.

Досега најмногу претседателски кандидати на избори имало во 2009-тата кога беа пријавени вкупно 7 кандидати. На првите директни претседателски избори во 1994-та имаше само двајца кандидати, додека на последните во 2019-та имаше тројца кандидати од кои двајца (претседателот Пендаровски и Силјановска) повторно ќе се кандидираат на овие избори.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност