Сибирски тигар убил еден чувар во зоолошка градина во германскиот град Минстер, соопшти полицијата.
Тигарот го убил чуварот вчера, откако излегол од својот кафез, кој не бил заклучен и влегол во просторот во кој се наоѓал чуварот.
Иако останатите чувари се обиделе да го одвлечат тигарот во кафезот и да си го спасат колегата, не успеале.
Нападнатиот чувар набрзо починал од рана на вратот.