Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски им се извини на медиумите за изјавата од 19 февруари кога кажа дека некои медиуми им се ставаат во функција на некои партии.
„Ги прифаќам сите реакции и од ЗНМ и од другите институции и на самиот настан кажав дека сум веднаш подготвен да се извинам, се извинив и на самиот настан, еве извинување и денеска. Разговарав долго со претседателот на ЗНМ во неколку наврати бидејќи тој е најдобриот сведок што се случуваше до 2016 година. Јас кажав дека до 2016 тоа се случувало и не би сакал да видиме време кога повторно тоа ќе се случува. Ако ја погледнете целата изјава тогаш е многу јасно што имам кажано“, одговори Ковачевски пред Универзала сала каде што присуствуваше на почетокот на градежните работи.
На партиската трибина на 19 февруари Ковачевски меѓу другото кажа:
„Е тоа ви е кога медиумите ќе се стават во функција на една политичка партија. И после ќе се освестат, и касно е… И кај ќе трчаат? Во СДСМ. Зошто? За да им ја врати демократијата. А тие самите се продале“.