Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Од:

Во вторникот телото на американски државјанин (54) било пронајдено во областа Орлово гнездо во Брезовица, Косово, а светските медиуми објавија дека станува збор за познатата поранешна скијачка Кетрин Ригби.

Албанските медиуми првпат јавија за смртта на Ригби во средата, а како што се наведува, несреќата се случила по снежна лавина.

И покрај тоа што во пријавата не беше наведено точното име, нејзините блиски ја информираа јавноста за трагичниот настан заедно со неколку нејзини фотографии на социјалните мрежи.

Во извештајот на магазинот „Backcountry“, уредникот Адам Хауард истакна дека популарната Каша отелотворува слободен дух.

– Целиот свет изгуби посебна душа – се наведува во неговиот текст.

Кетрин Ригби е родена во Вермонт и прва постигна „телемарк“ скијачко спуштање од Чо Ју, шестиот највисок врв во светот кој се наоѓа на Хималаите. Таа беше учесник во други посебни подвизи во Русија, Еквадор и Либан.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина