Не е дискриминација, но е нееднаков третман на граѓаните кои платиле возачки дозволи утврди Комисијата за заштита од дискриминација

Од:

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација смета дека се прави нееднаков третман кон граѓаните кои промениле важечки документи со новото име на државата и за истите платиле и повикуваат институциите да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките на промена на важечките документи со новото име на државата.

Нивниот став доаѓа по повод вчерашната одлука на Владата за бесплатно вадење на возачки дозволи и сообраќајни дозволи.

– Во овој случај, не се работи за дискриминаторска основа, постои нееднаков третман, но не и дискриминација. Институциите треба да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките на промена на важечки документи со новото име на државата, стои во соопштението од КСЗД.

Оттаму потсетуваат дека сите граѓани имаат еднакво право на важечки лични документи.

– Потфрлањето на државата да обезбеди важечки лични документи може да ги повреди останатите права на граѓаните како правото на слободно движење, правото на работа, правото на здравствена заштита итн. Ги поздравуваме мерките кои ги презема Владата за да обезбеди лични документи на сите граѓани, но истите се ненавремени со што се наруши правната сигурност на граѓаните

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Седуммина од осомничените за фалсификување возачки се во бегство, ОЈО бара притвор за тројца уапсени

А1он

Кривична пријава против 27 лица – незаконско внесуваa категории во возачки дозволи

А1он

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Службеници за 1.400 евра правеле лажни возачки дозволи, велат од Левица