За набавка на дел од лековите за цистична фиброза Детската клиника за 2022 година и 2023 година обезбедила средства во вкупен износ од околу 29 милиони евра, кои се доволни само за 15 пациенти од 140 регистрирани пациенти, открија ревизорите.
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести за-2022 година.
Со извршената ревизија констатирани се состојби и неусогласености од различна природа, кои влијаат на изразување на мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2022 година.
-Со извршената ревизија утврдено е дека Клиниката за детски болести воедно ви -центар за лечење на пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, а дел од нив -лекуваат со лекови кои не се на позитивната листа на лекови за кои се обезбедува условен надоместок од Фондот или пак се набавуваат преку програмата за лечење на ретки болести од Министерство за здравство.
Подобрувањето на третманот и начинот на лекување на пациентите започнува од 2008 година кога во позитивната листа на декови се воведени три инхалациони лекови, кои до пациентите се доставуваат преку инсулинските аптеки, но во периодот кој следува на пазарот се достапни нови генерации на лекови за третман на цистична фиброза кои до денот на ревизијата не се воведени во позитивната листа на лекови.
„Клиниката за детски болести за набавка на дел од лековите која се врши и преку Програмата за лекување на ретки болести во рамки на министерството, за 2022 година и 2023 година обезбедила средства во вкупен износ од 180.350 илјади денари, односно околу 2.9 милиони евра. Обезбедениот износ е доволен за набавка на терапија само за 15 пациенти, додека согласно приложената документација, регистрирани се помеѓу 130 и 140 пациенти кои боледуваат од цистична фиброза.
Ненавлегувајќи во медицинската исправност на одлуките на докторите и не оспорувајќи ја потребата од вклучување на пациентите на соодветна терапија, состојбата со ограничен буџет и ограничен број на пациенти на кои им се дава терапијата, доведува до постоење на ризик од субјективизам при изборот на пациенти кои ќе бидат вклучени на терапија. Поради тоа, со ревизијата е нагласено дека е потребно Клиниката во соработка со Фондот и Министерството да преземат активности за обезбедување на средства за терапија за сите пациенти за кои постојат докази дека ги исполнуваат медицинските критериуми, потврдено од лекарски конзилиум и стручен колегиум“, стои во извештајот на ревизијата.
Со извршената ревизија исто така е утврдена и несоодветна примена и недоследно почитување на Законот за јавните набавки во дел од постапките што влијае на конкуренцијата и економично, ефикасно и ефективно користење на јавните средства.