Сарамандова и Пеливанов стануваат виши обвинители: Советот ги одбра од 16 пријавени кандидати

Од:

Поранешниот обвинител во СЈО, Трајче Пеливанов и обвинителката Наташа Сарамандова стануваат виши обвинители, откако за нив гласаа мнозинство од членовите на Советот на јавни обвинители.

Пеливанов и Сарамандова беа помеѓу 16 кандидати кои беа јавени на огласот, а според членовите на Советот, сите пријавени заслужувале унапредување во Вишото обвинителство.

Пеливанов по СЈО, стана обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а беше в.д. на обвинителството кога падна одлука Вилма Рускоска да биде суспендирана.

Сарамандова пак, беше обвинителка во предметот на поранешниот судија Владимир Панчевски за злоупотреба на АКМИС системот, а имаше неуспешен обид да стане дел од тимот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин во Штип

Предраг Петровиќ

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Договорена динамика за увид во документацијата за наводите за незаконско прислушување

Обвинителството најави дека детално ќе ги испита наводите за незаконско следење на комуникациите

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски