Има 20 потписи за свикување итна седница, денес може да се изгласаат измени за возачките и личните карти

Од:

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека со коелгите пратеници подготвиле измена на две законски решенија, Законот за патни исправи и Законот за возачките дозволи односно за безбедност во сообраќајот и ги поднеле до архивата во Собранието.

„Итна е постапката, гледате и Вие дека јавноста е сензибилна по ова прашање и ние денес како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ги подготвивме законите и ги поднесовме до архивата на Собранието.

Дополнително со тоа поднесовме и барање за свикување на итна седница со потписи од 20 пратеници. Претседателот на Собранието може да ја свика седницата во текот на денешниот ден. Инаку по однос на самите законски решенија, се работи за измена на одредбите од двата Закони кои што предвидуваат завршување на роковите по однос на ова законско решение за патните исправи и за возачките дозволи. Со оваа измена ќе се продолжи одредбата за да можат да важат и во наредниот период.

Во текот на утрото, имав разговор и со претседателот на Владата, премиерот, кој што го очекуваме да дојде и заедно со претседателот на Собранието, како пратенички групи да изнајдеме решение, меѓутоа за да се случи тоа, потребно е барање за свикување на итна седница и ние тоа го направивме. Со 20 потписи од пратеници можеме материјалите кои што се по однос на оваа седница да бидат доставени до пратениците согласно роковите побрзо од 10 дена или пак на самата седница. Затоа очекувам во текот на денешниот ден, да се организираме и да ја свикаме оваа седница како би ги избегнале сите проблеми со кои што се соочуваат граѓаните во нашата држава“, вели Мицевски.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски