САД го повика Курти да ја одложи одлуката за укинување на динарот

Од:

САД изразија загриженост поради планот на Косово да ги ограничи паричните трансакции, рече постојаниот претставник на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд.

Таа се обрати на седницата на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

САД го повикаа Курти да ја одложи одлуката за укинување на динарот.

„Одлуката е донесена без соодветна подготовка или консултација со локалното население“, рече таа.

Таа посочува дека САД ги повикуваат „двете страни да се воздржат од ескалација на акции“.

Од друга страна, претставникот на Велика Британија го поздрави обраќањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и рече дека комплицираните односи меѓу Србија и Косово претставуваат недостаток на стабилност во целиот регион.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел

Песков: Има телефонска врска меѓу Кремљ и Белата куќа, но не е активна