Терористичката група Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за експлозиите во југозападен Пакистан во кои загинаа најмалку 29, а беа ранети повеќе од 20 луѓе.
Нападот се случи претходно денеска, еден ден пред парламентарните избори во земјата, и покрај распоредувањето на десетици илјади полициски и паравоени сили низ Пакистан за да се обезбеди мир по неодамнешниот пораст на милитантните напади во земјата.
Првиот напад се случи во Пашин, област во провинцијата Белучистан, а вториот беше извршен во изборната канцеларија на политичарот од партијата Џамијат Улема Ислам, Фазлур Реман во градот Кила Саифул во Белучистан, соопштија локалните власти.