Втора фаза од изградба на источниот конак на манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Прилеп

Од:

Екипите на Заводот и музеј Прилеп деновиве работат на втората фаза на подигнувањето на источниот конак на манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Варош под Марковите Кули во Прилеп. Деновиве се урива карпата на која треба да се издигнува конакот.

– Внимателно, постапно се урива карпата за да може да продолжи изградбата на источниот конак од манастирот. Ова е втора фаза од неговата изградба. Потоа треба да се постават армирно-бетонските столбови и да се изѕидаат ѕидовите од камен. Фазата ќе заврши со поставувањето на бетонска плоча што ќе значи дека е подигнато приземјето на конакот, изјави Гордана Данилоска-Спироска, директор на Националната установа Завод и музеј-Прилеп.

Работите од оваа фаза треба да завршат до крајот на октомври. Првата фаза во текот на минатата година, откако беше поставен камен-темелникот, опфати  изградба на фундираните темели и бетонските столбови до првата плоча и ѕидање на подрумските простории на источниот конак, кој во основа опфаќа околу 200 метри квадратни.

Работите во наредната година, што ќе значат и трета фаза од изградбата, опфаќаат подигнување на катот и покривот на конакот. Комплетната изградба треба да заврши во 2015 година.

Проектот целосно го финансира Министерството за култура  и значи реконструирање на некогашниот источен конак на манастирот „Свети Архангел Михаил“, споменик на културата чија црква потекнува од 12 век.

Во досегашните две фази Министерството вложи околу 6 милиони денари.

Манастирот засега го има западниот конак од каде се простира несекојдневна глетка на Пелагонија.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски