Франција бара од Приштина веднаш да ја прекине одлуката за забрана на динарот

Од:

Министерството за надворешни работи на Франција побара итно суспендирање на одлуката на Приштина за забрана на користењето на динарот, наведувајќи дека решението за ова прашање треба да се најде во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина што го води Европската Унија.

Во соопштението од француското Министерство за надворешни работи, се наведува дека Париз е загрижен поради одлуката на Приштина да одобри само еврото за готовински трансакции на Косово.

Нагласено е дека оваа одлука донесена набрзина и некоординирано ќе има последици врз секојдневниот живот на српската заедница во Косово, што во голема мера зависи од плаќањето во српски динари, пренесува РТС.

– Во недостиг на алтернативни решенија до денес, Франција бара итно суспендирање на оваа мерка за да се обезбеди доволен преоден период. Ги повикуваме косовските власти да најдат решение преку преговори во рамките на дијалогот што го води Европската Унија – се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот