Има ли Таравари аспирации за претседателски кандидат: Касами го предлага, тој молчи

Од:

Ќе биде ли лидерот на Алијансата на Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари кандидат за претседател на Македонија – Албанската опозиција јавно го предлага, тој не одговара на прашањето на А1он, дали би влегол во трката за петгодишен мандат во Вила Водно.

Претседателот на Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами во гостување на косовската телевизија РТК вчера кажа дека Таравари е во преговори со албанските опозициски партии, но и дека за нив е соодветен кадар за оваа позиција.

„Се зборува дека Таравари е кандидат за претседател и тој се смета за соодветен кандидат да биде кандидат Албанец на овие избори“, рече Касами.

Официјалните ставови на Алијансата на Албанците пак, се дека се преговара дали партијата на претстојните избори ќе излезе самостојно или во коалиција со ДУИ. Претходно, токму влезот на партијата на Таравари во владата на СДСМ и ДУИ значеше крај на коалицијата на овие две партии со Алтернатива, партијата на Африм Гаши која сега е во коалицијата „Европски сојуз за промени“, заедно со Беса и Демократското движење на Изет Меџити.

Таравари пак, досега не одговори на телефонските повици, ниту пак на СМС пораката од А1он, дали за него е прифатливо да биде кандидат за претседател на Македонија и дали тоа би значело напуштање на идејата за коалиција со СДСМ и ДУИ, туку нови партиски анализи за коалиција со „Европскиот сојуз за промени“.

Доколку лидерот на Алијансата за Албанците има аспирации за претседателската фотелја, можноста тој да биде кандидат на најавениот „Европски фронт“ се елиминира, бидејќи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски претходно најави дека претседателскиот кандидат ќе излезе од неговата партија.

Би можело да ве интересира

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

(ВИДЕО) Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за финансиски средства за бранителите

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата