Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја поздрави средбата Иванов-Рама

Од:

Македонското друштво „Илинден“-Тирана  во денешното соопштение ја поздрави средбата меѓу претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и албанскиот премиерот Еди Рама, на која стана збор за подобрување на правата на македонското национално малциство.

– Изјавата на премиерот Рама дека ќе посвети внимание за македонското национално малцинство во Република Албанија е голем чекор и дава надеж дека новата албанска влада ќе продолжи со демократските процеси и ќе ги подобрува правата на македонското национално малцинство, стои во соопштението од друштвото „Илинден“-Тирана.

Средбата меѓу Иванов и Рама, како што се додава, покажа уште еднаш дека Република Македонија и Република Албанија се пријателски земји.

– Веруваме дека ќе продолжат ваквите средби на корист на двете земји. Балканот треба да се одлепи од историјата на омразата и војните меѓу народите, велат од македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски

Полицијата употреби гумени куршуми и солзавец против демонстрантите во Тирана

(ВИДЕО) Хаос во Албанија. Демонстранти палат и кршат продавници, повеќе од 150 повредени

(ВИДЕО) Тирана e во пламен: Демонстрантите бараат оставка од Еди Рама

Горан Наумовски