Џафери: Министрите од опозицијата не се сликаа, но во владата ќе мора да работат

Од:

Потврдувам дека со восхит, со чиста совест и со полна одговорност преземам задача која ми ја доверија граѓаните преку нивните претставници, рече Талат Џафери во првата изјава по изборот за технички премиер.

„Останувам доследен на фактот дека работата на владата ќе биде транспарентна, отчетна, одговорна, пред се пред граѓаните и нивните претставници, во интерес на граѓаните и за напредок на државата“, рече Џафери.

Тој додаде дека не можеа а да не го коментира фактот што на заедничката фотографија од новата влада ги нема претставниците на опозицијата.

„Почитувани граѓани, да не ве загрижува сликата која што ќе ја видите без нив. Работата на владата ќе биде суштинска со нив, затоа што и тие, исто како и ние имаат законска обврска да одговорат на обврската што ја преземале од вас преку оние што гласаа „за“ составот на влада, но таа обврска е преземена и од тие што не гласаа, што не беа таму. Таа е слика на која сте навикнати да ја гледате и во работата на Собранието. Пред камери е едно, а кога треба да се работи е друго. Бидете спокојни, јас ќе дадам се од себе заедно со тој тим кој е составен денеска од ваше име, да ги исполни вашите очекувања. Секој кој ќе постапи спротивно, се коси со законот, а во оваа држава има закони и прописи кои треба да се спроведат“, посочи Џафери.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада