Рама: Историски момент е утрешниот избор на прв премиер Албанец во Македонија

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама, реагираше пред утрешниот ден, кога се очекува Талат Џафери да ја преземе функцијата премиер на техничката влада во Северна Македонија, оценувајќи го како историски момент изборот на прв премиер Албанец.

Во објава на Платформата Х оценува дека „лидерот на ДУИ, Али Ахмети, направил многу за правата на Албанците во РСМ“.

-Али Ахмети може целосно да биде критикуван внатре во државата, бидејќи право и должност е на секој што е во опозиција да бара повеќе од секој што е на власт… Но она што направи Али Ахмети за унапредување на правата на Албанците во соседната земја и нивното афирмирање како рамноправни граѓани на Република Северна Македонија, е историска лекција за сите нас и за генерациите што доаѓаат, пишува тој.

Тој споделува фотографија од Џафери со Ахмети и пошува „момците сакаат моќта да ја препознаат другите, а мажите да прават за другите“.

-И гледајќи ја приложената фотографија од историски момент на патот на албанската заедница, се сетив на мудрите зборови на еден голем политичар „Момците сакаат моќта да ја препознаат другите, а мажите да прават за другите“. Ова би биле совршени зборови за оваа фотографија, наведува Рама.

Во меѓувреме албанските медиуми, без исклучок пренесуваат информации околу изборот на новата техничка влада, со посебен акцент на изборот на Џафери, за прв Албанец премиер, потсетувајќи дека тој е еден од командантите на ОНА.

Би можело да ве интересира

Таравари ја напушти Владата и замина кај Рама во Тирана

Катерина Ѓуровски

Кошта од Тирана: Албанија може да биде во европското семејство и пред 2030 година

А1он

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Излезни анкети на парламентарните избори во Албанија, триумф на партијата на Еди Рама

А1он

Уставен суд го одби барањето на Апасиев против Џафери

Катерина Ѓуровски

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он