Џафери потврди – Утре оставки и почнува процесот за избор на техничка влада

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги соопшти точните датуми на седниците за оставки и избор на техничка влада. Во согласност со премиерот определивме рамковни рокови кои почнуваат од утре за поднесување оставки и закажување седница за констатирање на оставките, потврди Џафери

„За 26 овој месец се отвара патот за почнување на процедурите за избор на нов претседател на собранието, определување мандатар потоа и две последователни седници“, вели Џафери.

Според договореното утре почнува процесот со оставка на премиерот, а на седницата закажана за 26 јануари, овие оставки ќе се констатираат по што се известува претседателот на државата дека владата е во оставка.

Предлог програма и состав на влада треба да се достави на 27 до собранието и на 28 на седница да биде на дневен ред избор на техничка влада. Во исто време на 28 ќе се извести ДИК за престанок на мандат на пратеник од И.Е 5. Потоа следи достава на предлог програма и имиња на министри и заменици министри. Џафери очекува дека на истата седница да биде и изборот.

Составот на влада мора да е целосен за да стапи на сила преодната влада 100 дена пред изборите.

Активностите во Собранието започнуваат со констатирање на оставките на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието, изборот на новиот претседател на Собранието, Јован Митрески, потоа известувањето на претседателот на државата за доделувањето на мандатот на новиот премиер, изборната влада, министрите, замениците министри и дополнителните заменици министри, како и изјавата за престанок на мандатот на Пратеник и верификацијата на мандатот на новиот пратеник во ИЕ 5.

Македонија до недела на полноќ (28 јануари) треба да има трета преодна влада на чело со Џафери.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ потврди дека вечерва по партискиот Извршен комитет ќе ги соопшти имињата на техничките министри за внатрешни работи, за труд и социјална политика и за дополнителни министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство.

Талат Џафери, на прашање дали владата ќе биде комплетна со предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека ако достават имиња, да, бидејќи така налага законот.

„Владата ќе биде во склад на Уставот и законот. Ако има предлози од ВМРО-ДПМНЕ, тие ќе бидат во техничката Влада“, рече Џафери

Техничката влада се избира сто дена пред парламентарните избори на 8 мај, а две недели порано, на 24 април, ќе се одржат и претседателските избори.

 

Би можело да ве интересира

Ќе се укинува техничката влада, Мицкоски најави законски измени

(Видео) Џафери наполни 62 години – На тортата напишано „ Среќен роденден премиере“

Џафери: Ахмети може да ја има која функција сака, но не е заинтересиран за претседател

Анита Петровска Рајковиќ

Ковачевски: СДСМ ќе гласа согласно предлогот на Владата и ставот на пратениците на Алијанса

Ковачевски: Ќе биде светски феномен влада што е задолжена за да организира избори успее да падне

Лефков: Ковачевски и СДС за да продолжат со криминал го направија командант Форина премиер на Македонија, а сега го молат ДУИ за заеднички листи