Почина еден од ранетите во пукањето пред болницата во Тетово

Од:

На КАРИЛ во Скопје почина еден од ранетите во престрелката која се случи на 11 јануари во кругот на тетовската Клиничка болница.

Во пукањето беа ранети двајца браќа, а на повредите подлегнал А.М., постариот брат. Помладиот З.М. исто се наоѓа на лекување на КАРИЛ.

СВР Тетово соопшти дека уште вечерта на 11 јануари околу 23 часот биле лишени од слобода четири лица, а по едно лице се трага. Од СВР Тетово и Обвинителството нема други официјални информации за случајот, кој го води Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

-Обвинителството сè уште постапува по предметот согласно своите надлежности, информираа од таму.

СВР Тетово ги лишија од слобода Р.Т.(35) и М.Т.(44), 55-годишната Ш.Е. и Н.М.(39), сите од Тетово, поради сомнение за нивна инволвираност во пукањето.

Би можело да ве интересира

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски