Нормализирана состојбата на граничниот премин Делчево

Од:

По утринскиот метеж кога се чекаше и до два часа, на граничен премин Делчево за излез од Македонија кон Бугарија во моментот состојбата е нормализирана и чекањето е сведено на минимум.

Од дежурните служби при граничен премин Делчево, потврдија дека утрово имало поголем метеж на возила кои ја напуштаат државата и заминуваат на продолжен викенд во некој од скијачките центри во соседството.

-Во моментот ококу 15:00 часот состојбата е нормализирана. Нема поголеми задржувања, барем не како што беше утрово, вели Аце Атанасовски од Регионалниот центар за гранични работи работи Исток со седиште во Делчево.

Возачите кои утрово чекаа велат дека се повторува состојбата од минатата недела кога, исто така, за влез во соседната дежава се чекаше околу два часа.

Како најголема причина за ваквите застои патниците ги посочуваат честите паѓања на системот од бугарска страна на граничниот премин Станке Лисичково, што се одразува да се чека и на македонскиот граничен премин.

Од минатата година започна реконструкцијата на граничниот премин Станке Лисичково каде конечно се очекува да се реши проблемот со долгите колони кои чекаат за време на празници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Златна треска во Бугарија: исчезна сеф со милиони и злато – приморски град под полициска опсада

Бугарија се справува со последиците од катастрофалните поплави, Радев се заблагодари за понудената помош од Македонија

Катерина Ѓуровски

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Марш за Палестина во Скопје: „Нема да молчиме пред геноцидот“