Приведен кавадарчанец: Излетал од патот додека превезувал мигранти при што загинало едно лице

Од:

Триесет и деветгодишниот Г.Ш. од Кавадарци, со привремен престој во Гевгелија, вчера бил лишен од слобода затоа што на 12 јануари возејќи мигранти излетал од патот кај Дојран, при што загинало едно лице.

Тој бил приведен од страна на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија и Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ.

– По преземени мерки и активности, дојдено е до сознание дека на 12 јануари околу 20 часот, тој го управувал патничкото моторно возило „крајслер“, кое во близина на Дојран излета во провалија, а во кое превезувал 11 лица мигранти од Сирија, од кои едно лице почина, а останатите се здобија со повреди. Според пријавеното, пред да излета возилото, тој скокнал од него и го напуштил местото, појаснуваат денеска од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код