Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

Од:

Партијата Левица преку соопштение побара итна седница на Советот на Град Скопје, со цел одобрување субвенции на ЈП Паркови и зеленило, за да може фирмите основани од претпријатието да добијат пари.

„Работниците во друштвата основани од ЈП Паркови и зеленило Скопје – Флораком ДООЕЛ и Луна ДООЕЛ – веќе три месеци немаат земено плата. Работничките организации при овие две друштва, пред одржувањето на вонредната Седница на Советот на Град Скопје, која се одржа на 17-ти јануари, до сите координатори на советничките групи во Советот како и до Градоначалникот на Град Скопје, испратија барање за овој нивен проблем да се најде на дневниот ред на веќе закажаната 17-та седница на Советот на Град Скопје. Но, очигледно никој од буржоаските партии во Советот не беше заинтересиран за решавање на овој проблем па оваа точка не се најде на дневен ред воопшто. Поради тоа што седницата беше закажана како „вонредна“ Претседателот на Советот, проф. Трајко Славевски, не даде можност да се надополни дневниот ред“, соопшти Левица.

Од таму велат дека по седницата, нивните советници во Советот на Град Скопје, поднеле барање за свикување на вонредна седница на Советот на Град Скопје со една точка на дневен ред: Донесување на Одлука за одобрување на субвенции за потешкотии во работењето на ЈП Паркови и зеленило Скопје со намена за деблокада на сметката заради исплата на неисплатените плати.

„Според стаутот на Град Скпје, за свикување вонредна седница потребна е поддршка од најмалку 1/3 од членовите на Советот, односно согласност од најмалку 15 советници. Ова барање е доставено до сите советнички групи во Советот на Градот Скопје, да се надеваме дека советниците ќе се одважат и нема да ја попречат можноста на Советот да се расправа за проблемот на работниците во Флораком и Луна при ЈП Паркови и зеленило и да се изнајде решение во корист на работниците“, стои во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Пуцко Петрол не доставува нафта за ЈСП: Уценетиот Асмир Јахоски учествува во креирањето хаос, обвинува Град скопје

(ВИДЕО) Манасиевски: Мојсоска, како пратеник, не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев, Мојсоска и Мециновиќ додека глумат револуционери ја користат партијата за лично богатење

Германската левица го дуплира членството

Левица: Наместо во сметките на Заеви и Мијалков, ДПМНЕ неовластено следи наши пратеници, додека го крие својот имот

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Вистинското лице на Мојсоска и останатите од Левица е разобличено и демаскирано, никој веќе не им верува