Најдена дрога при претрес на куќа во Штип, меѓу приведените и 22 годишна девојка

Од:

На триесет минути по полноќ, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје во Штип ги лишиле од слобода И.В.(34), С.И.(29) и 22 – годишната В.Д., сите од Штип, соопштува МВР.

„При претрес во домот на И.В., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати С.И. и В.Д., биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага и други предмети со остатоци од бела грутчеста материја“, велат од полицијата.

Од таму посочуваат дека И.В. бил задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он