Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Од:

Судскиот совет едногласно ја врати судијката Александра Ристеска во Кривичен суд до објавување на пресудата на предметот Ласкарци, бидејќи таа е член на советот во предметот Ласкарци, а денеска положи заклетва за апелационен судија.

Членовите на советот кои дојдоа на итната седница едногласно побараа Ристеска да биде делегирана до објавување на пресудата, оти пресудата е закажана за 25 јануари, но истата може да биде одложена.

„За“ Ристеска да биде вратена во Кривичниот суд гласаа 10 членови на Судскиот совет, а ниту еден не беше против. Одлката Ристеска да биде делегирана во Кривичниот суд е донесена без датум, односно „до донесување на пресудата“, за да може да се остави простор за било какви промени во читањето на пресудата.

Судијката денеска, при положување на заклетвата не известила никого во Судскиот совет дека е член на советот во Кривичнио суд во предметот Ласкарци.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он

Нема кворум – Судскиот совет ја одложи седницата

Горан Наумовски

Љупчо Пецов – Ѓаволот од бегство во домашен притвор, сам се пријавил и донел документи дека е болен

Досегашниот претседател на Управен суд, Бурим Сејдини, ќе биде в.д. претседател на Судот, додека не се избере нов