Едно лице e повредно во експлозија на плинска боца во центарот на Куманово

Од:

Едно лице е повредено од експлозија на плинска боца што се случила попладнево на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово, соопштија надлежните од кумановската Општа болница и Единицата за територијалната противпожарна заштита (ТППЕ) Куманово.

Според податоците на надлежните, при експлозијата е повредено 30 годишно лице, кое по првичната помош во кумановската болница поради сериозноста на повредите е префрлено на натамошно лекување на клиниките во Скопје.

Експлозијата, според очевидци, се случија околу 13 часот. Во изјава за медиумите тие рекоа дека ударот бил силен, а веднаш пристигнале екипите на ТППЕ, Итната медицинска помош и на полицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во зграда во Франција – петмина се повредени

А1он

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Експлозија во воена фабрика во Србија, има повредени

Инцидент во Новосибирск: Куче вклучи шпорет, за брзо време следеше голема експлозија

Експлодира непозната направа во Хрватска, повредени се три деца

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски