Според РИА Новости, Иранската револуционерна гарда истрелала проектили кон Пакистан.
ИРЦГ на својот канал Телеграм наведува дека цел на нападот биле два штабови на групата Џаиш ал Адл, кои Техеран, за потсетување, ги смета за терористи.
Нападите врз упориштата на групата Џаиш ал Адл во југозападната пакистанска провинција Балучистан, како што јави иранската телевизија Прес ТВ, биле извршени со беспилотни летала и балистички проектили.
Islamic Resistance in Iraq fires the Al-Arqab missile at terrorist sites in Pakistan. pic.twitter.com/Gnl1Nfh65H
— Zagonel (@Zagonel85) January 16, 2024
Агенцијата Тасним, која е поврзана со ИРГЦ, објави дека цел на проектилите биле базите на планината Заргон.
Според локалните медиуми, ова е прв напад на иранските вооружени сили на пакистанска територија. Иранската револуционерна гарда истрела 24 балистички ракети врз цели во Ирак и Сирија доцна во понеделникот навечер.