УЈП: Имотот на Јанкулоска уредно пријавен

Од:

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска соопшти дека промените на имотната состојба на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и на нејзиниот сопруг се уредно пријавени и оти нема основи за сомневање за стекнат имот од неоданочени приходи.

– Станува збор за промени на имотна состојба која потекнува од оданочени приходи, стекнати преку банкарски заеми, појаснува УЈП во соопштение по информациите изнесени во јавноста за зголемување на имотот на Гордана Јанкулоска во периодот од 2006 година.

Согласно тековните приходи, се вели во соопштението, пријавената купопродажба на имот, последната имотна состојба на сопружниците и другите податоци, со кои во овој момент располага Управата за јавни приходи, не постојат основи за сомневање за стекнување имот од неоданочени приходи.

Би можело да ве интересира

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура

УЈП: Електронските услуги ќе бидат привремено недостапни до доцна попладне