Нов инцидент на либанско-израелската граница, четворица се убиени

Од:

На либанско-израелската граница имаше нова размена на оган бидејќи милитантите на Хезболах, наводно, влегле на израелска територија од Либан и пукале кон војниците кои патролирале, соопшти израелската војска. Војниците возвратија со оган, а четворица милитанти беа убиени, се вели во соопштението.

За време на размената на оган, израелските сили ја гаѓаа областа со артилерија и минофрлачи. Само еден ден претходно се случи меѓусебно гранатирање преку границата на двете земји. Според израелската војска, либанската милиција Хезболах истрелала неколку гранати во северен Израел.

Израелски воени авиони ја бомбардираа „терористичката инфраструктура“ на Хезболах во јужен Либан. Од почетокот на војната во Газа на 7 октомври минатата година, на границата меѓу Израел и Либан постојано избувнуваат судири меѓу израелската армија и Хезболах, кој е поддржан од Иран. Тоа е најсериозната ескалација на тензиите од втората либанска војна во 2006 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“