(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Од:

Обилните дождови во изминатите денови во Сао Паоло предизвикаа значителна штета и прекин на електричната енергија во повеќе од два милиони домаќинства. Најмалку две лица загинаа, а едно се води како исчезнато по поплави и лизгање на земјиштето што го погодија Сао Паоло, соопшти бразилската противпожарна служба.

Шестгодишно момче се удавило кога во раните утрински часови во саботата го однело порој во предградие на Сао Паоло. Неколку часа подоцна, маж (48) загинал кога неговата куќа се урнала од одрон во областа Сао Бернардо до Кампо.

Спасувачките екипи вршат потрага во Сао Паоло за да пронајдат жител во областа Парелеирос, кој не давал знаци на живот, јавуваат бразилските медиуми. Обилните дождови во последните денови во Сао Паоло предизвикаа значителна штета и прекин на електричната енергија во повеќе од два милиони домаќинства.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар