Ковачевски: Најдобро е гасните централи да ни ги изградат Американци

Од:

Владата го задолжи АД ЕСМ да почне преговори за потенцијален стратешки инвеститор и можна соработка за реализација на проекти за гасно – водородни централи Битола и Неготино, откако на последната седница беше донесена одлука за почнување процес за трансформација на производството на електрична енергија со гасно-водородни централи.

-Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за економија за потребата од иницирање проекти за изградба на регионална 800MW гаснo – водородна централа Неготино и 250 – 300MW гасно – водородна централа Битола. Задолжено е АД ЕСМ да отпочне преговори за потенцијален стратешки инвеститор и можна соработка за реализација на проекти за гасно – водородни централи Битола и Неготино), согласно Законот за стратешки инвестиции, информираат од Владата.

За премиерот Димитар Ковачевски идината е во гасно произведување на електрична енергија, а според него секогаш е подобро овие инвестиции да ги реализира приватен инвеститор, а не државата.

– Секогаш е добро да имате приватен инвеститор кој инвестира да не се оптеретува буџетот и притоа да останат тие наши. Во САД сите енергетски капацитети се на енергетски корпорации.

Јас го почитувам мислењето на инженерите, дел од нив се присутни во научната сфера и по но четири децении, но за време на тие четири децении овие инвестиции не се реализирани. Се уште се работи со стари технологии. Што е подобро, ќе направи анализа министерството за финансии, ние имаме соработка и со ММФ кој модел да се одбере за финансирање. По мене, водородно-гасните централи треба да ги правиме со „Џенерал електрик“ од САД.

Прво се работи за врвна технологија, второ се работи за земја која ни е стратешки партнер, тие се покажале како најдобар пријател и тоа дава една стабилност во енергетскиот сектор доколку се работи за инвеститор од земја која е наш партнер – рече Ковачевски за одлуката на Владата, АД ЕСМ да бара стратешки инвеститор за гасно-водородни централи во Битола и Неготино.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Гледаме политички пазар, без јавна дебата, за зголемување на државната управа

Горан Наумовски

Ковачевски официјално се повлекува од функцијата претседател на СДСМ

Горан Наумовски

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме!

Горан Наумовски

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он