Околу 550 луѓе со трактори учествуваа на протестите на фармерите пред Бранденбуршката порта во Берлин против планираните кратења на владата во земјоделските субвенции. Покрај земјоделците, на протестот учествуваа и бројни возачи на автобуси и камиони, а меѓу демонстрантите имаше и бројни занаетчии. Булеварот што ги поврзува двете знаменитости веќе беше затворен во неделата вечерта, кога тракторите почнаа да пристигнуваат.
Germany 🇩🇪
A huge farmers and truckers protest is sweeping across Germany to protest against their government. Thousands of tractors and trucks are heading towards Berlin and Munich right now.pic.twitter.com/C7ssxLhLNR
— James Melville (@JamesMelville) January 8, 2024
Протестите на германските земјоделци против промените во земјоделската политика доведоа до немири во неколку региони на северна и источна Германија. Во североисточната германска покраина Мекленбург-Западна Померанија, земјоделците ги блокираа влезовите на автопатот со стотици трактори.
Holy shít. German farmers and truckers are fed up and are now united against their government. This is Berlin right now:
— End Wokeness (@EndWokeness) January 8, 2024
Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек предупреди дека протестите на фармерите ги преземале екстремни групи, пренесува ДПА.
„Има повици за државен удар. Се создаваат екстремистички групи, отворено се прикажуваат националистички симболи“, рече тој.
Во Фрисоит, западно од Бремен, демонстрант (35) бил удрен од автомобил и тешко повреден. Портпаролот на полицијата за Билд изјавил дека мажот бил пренесен во болница. Деталите за овој инцидент се уште не се познати.