(ВИДЕО) Трагедија во Хрватска: Во пожар во зграда настрада старица

Од:

Едно лице загина во пожар во зграда во центарот на Дарувар, кој избувна денеска околу 17 часот и 40 минути, потврди командирот на Јавната противпожарна бригада Дарувар, Зденко Брандеис.

Се запали зградата на плоштадот „Д-р Фрањо Туѓман“ во која се наоѓа новореновираниот детски диспанзер. Пожарот го зафатил станот лоциран над амбулантата.

Благодарение на брзата реакција на пожарникарите кои дошле на терен со четири возила, спречена е поголема трагедија, бидејќи пожарот брзо се разгорел и се заканувал да ги зафати околните станови пишуваат хрватските медиуми.

„Моравме сите да излеземе надвор и не знаевме што се случува додека не излеговме надвор и не видовме оган и чад“, изјави еден од жителите за Mojportal.hr.

„Се беше полно со чад! Пожарникарите дојдоа многу брзо, го слушнавме прво едното, па второто, па третото противпожарно возило. Сите ја познававме госпоѓата што загина“, вели друг жител на зградата.

Би можело да ве интересира

Експлозија го потресе Загреб

Горан Наумовски

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска