Був кој требал да донесе бурми на венчавка заспал на покривот на црквата

Од:

Венчавка во црква е одложена затоа што був издресиран да ги донесе бурмите, заспал на покривот на црквата „Свети крст“ во Шерстон, Велика Британија.

Едногодишниот був Дарси требал да пролета низ црквата и да ги донесе бурмите на Соња Кадмен и Ендру Метли. Наместо тоа, тој одлеатл на покривот малку да се одмори. На сватовите им требало еден час да го спуштат долу.

– Пробавме се да го спуштиме, но не сакаше ни да се помести, рече свештеникот Кристофер Брајан.

Тој додаде дека бувот делувал многу среќно што е на покривот и оти не можеле да го намамат дури ни со храна.

– Помина еден час додека не донесовме скала и го спуштивме, рече Брајан.

Невестата изнајмила посебно издресиран був за венчавката што се одржа минатиот викенд, за да го изненади својот вереник кој сака соколарство.

Соња на бувот му ги закачила дупликат бурмите, додека вистинските прстени биле во џебот на Ендру.

И покрај одложувањето, Соња рече дека венчавката не е нарушена во ниту една смисла.

– Нам тоа ни беше смешно, а и на гостите, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

ВИДЕО: Се тркалаа по подот во тепачка за бидермаер

Предраг Петровиќ

Како да ја изненадите сопругата за годишнината од вашата свадба?

На Македонките најмногу им се брза да се омажат – најмлади стапуваат во брак во регионот

На свадба во Италија се урна плафон, 64 повредени, петмина се сo тешки повреди

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он