Уапсен е сопственикот на сплавот „Картел“, приведени се уште три лица

Од:

Белградскиот сплав „Картел“ потона во ноќта меѓу 23 и 24 декември. Поради сомнение за кривичното дело – предизвикување општа опасност уапсен е сопственикот и уште три одговорни лица.

Имено, по наредба на дежурниот обвинител на Првото основно јавно обвинителство во Белград, полициски службеници на МВР, Управата за криминалистичка полиција, Одделот за истражување на експлозии, пожари и несреќи и Одделот за истражно-оперативни работи утврдил идентитет на четири лица, односно сопственик и други одговорни лица за кои постои основа на сомневање дека во нивното дејствие се стекнати сите суштински елементи на кривичното дело Предизвикување општа опасност.

По прибирање на потребните информации, прегледување на расположливата видео снимка и врз основа на други расположливи докази изведени во досегашниот тек на предистражната постапка, утврдено е дека постои основа на сомнение дека во дејствијата на Владимир Мацар , А.Е, М.М. и Н.Б. ги стекнуваат сите суштествени карактеристики на наведеното кривично дело.

По наредба на дежурен јавен обвинител на Првото основно јавно обвинителство Белград, мерка притвор е одредена за осомничените Владимир Мацар, А.Е, М.М. и Н.Б. во времетраење од 48 часа, во кој период осомничените ќе бидат сослушани, а по излагањето на одбраната, обвинителството ќе донесе одлука дали има законски основи да предложи притвор за некој од осомничените.

Би можело да ве интересира

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

Борел: Темпото на проширување и напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да оди рака под рака

Властите во Белград планираат да ги отстапат автобусите Соларис на Скопје

А1он