Дали граѓаните ќе плаќаат поевтина струја зависи дали Владата ќе дозволи фер трка за универзален снабдувач

Од:

Профитна маржа од 11,5 проценти па надолу е главниот услов во јавниот повик за Универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Токму, првиот човек на ЕДС, компанија која веќе изрази интерес да се јави на повикот во интервју изјави дека на јавниот повик ќе понуди значително пониска профитна маржа од предвидената во јавниот повик. Тоа ќе значи пониска цена на електричната енергија која што ќе ја плаќаат македонските граѓани во услови кога таа е во постојан пораст.

Дали овие информации ќе влијаат на веќе неофицијално донесената одлука на Владата за избор на ЕВН за Универзален снабдувач на електрична енергија или одлуката како и во поголем број случаи ќе биде политичка, ќе се знае по завршувањето на тендерот. Од ЕДС се категорични – очекуваат максимално транспарентна постапка во јавниот повик за избор на Универзален снабдувач и велат дека изборот на нивната компанија ќе донесе нов квалитет на пазарот и сериозна придобивка за домаќинствата.

„Согласно законите за јавни набавки и енергетика зад ЕДС стои корпоративниот углед, но и активата на ППЦ. И токму она што е најголем интерес на граѓаните, го имавме ние како компанија предвид при подготовката за овој повик. Јавноста треба да знае дека нашата понуда ќе биде многу конкурентна и со пониска маржа и затоа не сакаме да веруваме дека со политичка одлука може да се спречи поевтина струја за граѓаните, изјави Бабилис, во интервју за порталот Фактор.

Но, доколку одлуката на Владата остане иста, односно за Универзален снабдувач на електрична енергија повторно биде избран ЕВН, тоа според експертите ќе значи обесхрабрување на сите потенцијални странски инвеститори да инвестираат во земјава.

Ваков начин на водење на тендерска постапка, кога однапред во јавноста се знае кој ќе го добие тендерот праќа многу лош сигнал за странските инвеститори кои се повеќе ја заобиколуваат Македонија, а оние кои што се присутни во земјава се се помалку задоволни од условите за водење бизнис. Токму корупцијата, невладеење на правото, нефункционалните институции и сомнителни одлуки за тендери се главните фактори кои ги дестимулираат странските инвеститори да вложуваат во државата, а постојните наместо овде, реинвестираат на други земји, велат експертите.

На јавниот повик, освен ЕВН Хоум, интерес за учество на тендерот за Универзален снабдувач на струја, пројавиле неколку компании. Но, најсериозна конкуренција на овој повик доаѓа од компанијата ЕДС, зад која стои грчката ППЦ која пак има годишни приходи од близу 11 милијарди евра и има свои претставништва во повеќе земји низ југоисточна Европа.

Тендерската постапка за избор на Универзален снабдувач на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи е во тек и трае до 12 јануари. Владата на 11 декември го објави јавниот повик за Универзален снабдувач, а петгодишниот договор со ЕВН Хоум истекува следната година.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада