Европски сојуз за промена: ДУИ му дава тендер во вредност од четири милиони евра на српското подземје

Од:

Во овие последни денови од годината, кога албанската партија на власт се обидува да им фрли пепел во очите на албанците фалејќи се дека го зимаат техничкиот премиер, кој освен што ќе треба да ја грее премиерската канцеларија во текот на зимата, нема да има никакви законски овластувања, од другата страна токму тие ја продлабочуваат соработката со компании од Белград, чии сопственици – според српските медиуми- се криминални труктури од српското подземје. Значи, пред јавноста патриоти фалбаџии, додека позади камери ги зајакнуваат врските со Белград преку нивниот офицер за врски, Перпарим Бајрами велат од Европскиот сојуз за промени.

Сакаме да ја информираме јавноста дека, неодамна, компанијата “Novo VLT”,која е во сопственост на Државна лотарија, каде членови на Бордот се Перпарим Бајрами, Омер Буњаку и Артин Спахиу, сите од ДУИ, потпишале договор во вредност од 3.700.000 евра со компанијата “HTL Makedonija”, со сопственици од Белград, додека предмет на овој договор е снабдувањето
со 462 ВЛТ апарати за уништување на семесјтвото и животот на нашите граѓани. За информација на јавноста, пред една година, кога со Државна лотарија раководеше кадар од една друга партија, за 500 ВЛТ апарати платено е два милиона евра, односно двојно помалку од сега. Имајќи ги овие информации, јавно го прашуваме курбанот на Артан Груби, Перпарим Бајрами, дали овие валкани работи ги договорил во локалот “Lafayette Cabaret Club” во Белград, и во чии џебови завршиле овие два милиони евра, се вели во реакцијата Европски сојуз за промена.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански