ВМРО ДПМНЕ ќе предложи амандман за ослободување од социјално и здравствено осигурување на медиумските работници

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со новинарите информираше дека нивната пратеничка група за време на дебатата за Предлог- Буџетот во Собранието ќе предложи медиумските работници да бидат ослободени од социјалното и здравственото осигурување, со изземање на МРТВ и МИА, бидејќи добиваат пари од државниот Буџет.

Мицкоски кажа дека станува збор за сума од 10 милиони евра на годишно ниво.

Доколку ова не биде прифатено од страна на Владата, според него, најголема е веројатноста ако ВМРО ДПМНЕ формира влада, при првиот ребаланс во јули да предвидат ослободување на медиумските работници од овие давачки. Мицкоски вели дека ова ќе им овозможи на сопствениците на медиумите да ги зголемат платите на медиумските работници.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ рече дека сите закони што сега се одбиваат од мнозинството ќе бидат повторно поднесени доколку тие добијат мнозинство во Парламентот на изборите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Нашата амбиција е да станеме сериозна држава, што ја знае својата историја, но не е заробена во неа

А1он

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

А1он