Став на Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ треба да биде дел од техничката Влада, но Џафери не ја заслужува поддршката за премиер

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски лично смета дека ВМРО-ДПМНЕ треба да биде дел од техничката Владата, но ставот на партијата ќе биде познат откако ќе седнат да одлучуваат партиските органи во следниот период.

Личен став на Мицкоски е дека и Талат Џафери на ја заслужува поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за технички премиер.

– Талат Џафери не ја заслужува поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за технички премиер. Најмногу што можеме во интерес на добрата атмосфера и демократскиот процес е да се воздржиме од било какво гласање, но тоа е мој став. Ќе видиме што ќе одлучат партиските органи, изјави денеска лидерот на партијата, Христијан Мицкоски на прес-конференција во партијата.

Во однос на шпекулациите дека тајно се сретнал со претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, Мицкоски рече дека тајните средби не се негов карактер.

– Стојам на располагање ако сака Ковачевски да се видиме на средба, но не гледам зошт отоа би било далеку од лицето на јавноста. На народото му е преку глава од такви тајни средби. Јас ниту ја барам таа средба за техничка влада ниту можам бидејќи сум претседател на најголемата политичка партија која се уште е во опозиција. Крајниот термин за техничката влада е 28 јануари, тој што ја планира средбата нека ја организира – додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

НСДП: Без техничка влада нема фер избори

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите