Русите го нападнаа Херсон, има мртви и ранети

Од:

Најмалку четири лица загинаа, а девет се ранети во руски напади врз јужниот украински град Херсон, изјави регионалниот гувернер.

Украинската армија во редовен дневен извештај објави дека пресретнала 14 од вкупно 15 беспилотни летала испратени од Русија во Украина.

Руската армија спроведува артилериски напади врз Херсон, на југот на земјата, речиси секој ден.

– Руската армија го бомбардираше центарот на градот Херсон – напиша регионалниот гувернер Олександер Прокудин во порака во Телеграм.

Тој изјавил дека проектилот погодил станбена зграда, каде загинале 87-годишен маж и неговата 81-годишна сопруга, а 54-годишен маж се здобил со повреди на главата и нозете.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски