30 дена притвор за двајца разбојници кои ограбија обложувалница

Од:

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца велешани за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело разбојништво.

„Осомничените, на возраст од 26 и 32 години, на 23 декември наутро, со заштитни маски на лицето, заедно влегле во спортска обложувалница. На вработената на сила од раката и го оттргнале мобилниот телефон и го одзеле. Побарале од неа пари со закана дека ќе ја убијат.

Почнале да пребаруваат низ обложувалницата, па пронашле и одзеле 12 ваучери за исплата од слот машини во вредност од вкупно 13.219 денари, како и сите ситни монети што ги пронашле во фиоките“, велат од ОЈО.

По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес определи мерка притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени, ценејќи дека постои опасност од бегство и можност да го повторат делото.

Би можело да ве интересира

Осум дена притвор за полицаец од Скопје кој присвои пари кои беа платени од граѓаните за сообраќаен прекршок

Притворена е жената која незаконски наплаќаше влез во заштитениот локалитет „Куклица“

Уапсен e осомничениот за нападот со нож во банка во Регенсбург

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Германија: Вработен во банка почина по напад со нож, заложничката драма продолжува

Горан Наумовски

Драма во германска банка: Вооружен крадец зема заложници, неколку лица се повредени

Македонски државјанин почина во притворски центар во Албанија

Горан Наумовски