Бочварски за патот Кичево-Охрид: Се што ќе направиме ќе биде согласно насоките од експертите

Од:

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски очекува денеска до Јавното претпијатие за државни патишта да биде испратен извештајот за патот Кичево-Охрид, по што ќе се знае каков модел за довршување ќе биде преземен.

„Очекувам извештајот за патот Кичево-Охрид денеска да биде доставен до Јавното претпијатие за државни патишта, да биде доставена информација на Влада, па да ја разгледаме таа точка заедно со директорот на Јавното претпијатие за државни патишта и експертите, за сите министри да бидат запознаени со состојбите и притоа да го одбереме најдобриот модел за реализација“, кажа Бочварски.

Тој не сакаше да открие дали доколку извештајот е лош ќе се оди кон раскинување на договорот и барање на нова фирма да го доврши патот.

„Не би прејудицирал, најважно е дека секој чекор кој ќе го направиме како држава во насока на реализација на овој проект да биде согласно насоките од страна на експертите“, посочи Бочварски.

Би можело да ве интересира

Потпишан договорот за тунелот од пругата Македонија-Бугарија од Коридорот 8

Николоски и Караџов во четврток ќе го потпишат договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Ќе се гради прекуграничниот тунел помеѓу Ѓуешево и Деве Баир на пругата од Коридорот 8

Горан Наумовски

ДУИ: Прво Коридорот 8 го прогласија за закана по националниот идентитет, а сега се фалат со него