Фирма од Зајас ќе ја реновира амбасадата во Цирих: Османи бара гаранција дека не е донатор на ДУИ

Од:

По повод вчерашната реакција на компанијата „ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ“, Министерството за надворешни работи ја информира јавноста дека постапката за избор на најповолен понудувач, на огласот со број 19953/2023, за реконструкција на постојниот дипломатски објект во Цирих е во тек.

„На огласот има пријавено само една компанија за ДЕЛ-1- Компанијата ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ, с. Зајас додека две понуди има за ДЕЛ-4.Иако е завршена евалуацијата на законските и тендерските побарувања на понудите од страна на комисијата за јавни набавки, сепак, поради чувствителноста на јавноста, по насока на Министерот, а со цел целосна транспарентност, побарани се дополнителни гаранции и потврди со кои ќе се укаже дека компанијата нема конфликт на интерес од било кој тип.

Иако не е законска обврска, ниту пракса, Комисијата за набавки при Министерството за надворешни работи побара и доказ дека компаниите не се донатори на политички партии.

Во рамките на целата постапка, за делот каде што има пријавено повеќе од една компанија, Ќе биде одржана електронска аукција“, велат од МНР и додаваат дека по завршување на сите постапки Министерството ќе се води само по словото на законот и нема да дозволи никакви субјективни фактори да влијаат при одлуката за избор.
Градежната компанија „Еуроинвест Медиу“ преку соопштение до јавноста реагираше дека Министерството за надворешни работи го одолговлекува склучувањето на договорот за тендер за реконструкција на амбасадата во Цирих само поради тоа што се од Зајас.
Од таму велат дека се единствената компанија која се пријавила на повикот за реконструкција на дипломатското претставништво во Швајцарија.
„Компанијата ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ, почитувајќи ги сите законските прописи и исполнувајќи ги сите услови, изврши пријавување на тендерот за градежни работи и реконструкција на постојниот дипломатски објект во Цирих, објавен од Министерството за надворешни работи со Оглас бр. 19953/2023.
Без разлика дали поради фактот што се работи за сложен зафат, во друга земја – Швајцарија, или од недостаток на интерес, на огласот не беше пријавена друга компанија, законските прописи не дозволуваат тоа да претставува ограничување за Договорната страна да не ја заврши тендерската постапка и да склучи договор со нас за изведување на реконструкцијата.
Иако законските рокови за донесување одлука не се поминати, фактот што само за една компанија не е донесена одлука говори дека Министерството за надворешни работи го одолговлекува финализирањето на постапката и конечниот избор на ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ за изведбените работи.
Свесни сме дека фактот што седиштето на нашата компанија е во Зајас претставува атрактивна политичка информација, но тоа не смее да претставува ограничувачки фактор за нашата економска, техничка, кадровска и стручна екипираност за изведување на предвидените градежни зафати.
Напротив, ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ претставува сериозна компанија, со бројни успешни проекти зад себе, со голем број вработени кои ја остваруваат својата лична егзистенција преку придонесот во работата на компанијата, како и бројни кооперанти, соработници и добавувачи. Во името на сите овие групи, сакаме да реагираме навреме и до МНР како договорен орган, но и до јавноста.
Недостатокот од одлука, или одбивање да се одбере ЕУРОИНВЕСТ МЕДИУ заради седиштето на компанијата во с. Зајас, ќе го сметаме за флагрантно кршење на основните права и слободи на граѓаните на земјава, како и незаконски однос кон бизнис секторот кој ги нарушува основните правила на пазарната економија.
Секоја таква одлука компанијата ќе jа обжали до сите правни и правосудни инстанци, а соодветно ќе бидат известени и органите за добро владеење, органите за спречување корупција, невладините организации, медиумите, како и амбасадите на земјите кои имаат дипломатски претставништва во земјава, пишува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Заврши едногодишното претседавање на Македонија со ПСЈИЕ – Тирана e иден претседавач

A1on

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

Османи: Преспанскиот договор е повеќе од договор за името, тоа е договор за стратешка соработка