Томас Милер потпиша нов договор со челниците на Баерн

Од:

Германскиот фудбалер Томас Милер денеска потпиша нов договор со челниците на Баерн, објави клубот од Минхен на својата официјална веб-страница.

Како што беше најавено, Милер (34) му ветил верност на Баерн до јуни 2025 година, што практично значи дека кариерата ќе ја заврши во клубот од Минхен. Милер е дете на Баерн, а за првиот тим дебитираше уште во 2008 година, како 19-годишник.

За најтрофејниот клуб во Германија одигра 684 натпревари во сите натпреварувања и постигна 237 голови.

Со Баерн освои по два купа во Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Суперкупот на УЕФА, како и 12 титули во германскиот шампионат и шест домашни купови, што го прави еден од најтрофејните играчи на Баерн во историјата.

Милер за германската репрезентација одигра 126 натпревари и постигна 45 гола, а се уште е репрезентативец и се очекува да ги претставува популарните „панцири“ на Европското првенство кое следното лето ќе се игра во Германија.

Би можело да ве интересира

Балак најголемиот губитник во светот на фудбалот, живот полн со скандали

Баерн ги „смачка“ Викторија Плзењ и го сруши рекордот на Реал Мадрид

ВИДЕО: Судијата го означи крајот, а играчот на Интер почна да го брка фудбалерот на Баерн на теренот

Баерн Минхен го претстави Де Лихт