Баерн ги „смачка“ Викторија Плзењ и го сруши рекордот на Реал Мадрид

Од:

Баерн Минхен не покажа милост кон тимот на Викторија Плзењ, стигнувајќи до убедлива 5:0 победа над гостите од Чешка, со што влезе во историјата на Лигата на шампионите, рушејќи го рекордот на Реал Мадрид. Ова беше 31. последователен меч на домашен терен во кој Баварците се непоразени, со што го срушија рекордот на „кралевите“.

Цела неизвесност на мечот беше урната во првите 20 минути игра – Лирој Сане уште во 7. минута го отвори резултатот по убавата асистенција од Џамал Мусијала, во 13. минута веќе беше 2:0 со голот на Серж Гнабри, а во 21. минута го видовме првиот гол во Лигата на шампионите за Баерн за Садио Мане. Мусијала постигна уште еден гол во 36. минута, но тој беше поништен поради минимален офсајд.

Мане во 51. минута запиша и асистенција, овојпат до Сане за 4:0, а точка на мечот стави Ерик-Максим Чупо-Мотинг во 64. минута.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО
ГРУПА Ц
Баерн Минхен – Викторија Плзењ 5:0
Интер – Барселона 21.00 ч.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Томас Милер потпиша нов договор со челниците на Баерн

Балак најголемиот губитник во светот на фудбалот, живот полн со скандали

ВИДЕО: Судијата го означи крајот, а играчот на Интер почна да го брка фудбалерот на Баерн на теренот

Баерн Минхен го претстави Де Лихт