Балак најголемиот губитник во светот на фудбалот, живот полн со скандали

Од:

Михаел Балак ќе остане запаметен како еден од најголемите губитници во историјата на фудбалот, а неговиот живот го следеа бројни скандали, но и огромна трагедија.

На големата сцена се појави во дресот на Баер Леверкузен, потоа остави длабока трага во Баерн Минхен и Челзи, но и во германската репрезентација, но колку и да одигра добро, го следеше пех. На почетокот на кариерата, во 2001 година, Балак имаше сезона за заборав кога со Леверкузен го загуби финалето од Купот на Германија, Лигата на шампионите и титулата во Бундеслигата во период од само две недели.

Тој се пресели во Баерн, каде доминираше на домашната сцена, но не направи голем резултат во Европа.

Титулата „најголем губитник“ во светот на фудбалот ја заслужи и поради резултатите во германската репрезентација со која беше поразен во финалето на Светското, а потоа и на Европското првенство. Тој загуби и во полуфиналето на Светското првенство во 2006 година од Италија пред своите навивачи бидејќи Германија беше домаќин на турнирот.

На теренот остана запаметен по неуспесите, а надвор од него по скандалите! Имаше интимна врска со жената од својот поранешен соиграч Кристијан Лел, а тој го обвини дека уништува туѓи животи и дека тоа не му е прв пат.

– Балак влегува во приватниот живот на другите и ги уништува без да размислува за тоа. Ако е капитен на Германија, мисли дека може да прави што сака – изјави тогаш Лел.

По многубројните скандали, на Балак му се случи голема трагедија. Неговиот син Емилио загина во страшна несреќа пред две години. Емилио имаше само 18 години, беше во Португалија на одмор и го загуби животот возејќи велосипед.

Оваа смрт тешко го потресе Балак, кој извесен период беше надвор од јавниот живот, за да се врати со стил – со нов скандал!

Германскиот „Билд“ откри како Балак нашол утеха во прегратките на Софија Шнајдерхан, пријателка на неговиот починат син кој е 21 година помлад од него.

Сега Балак работи како телевизиски аналитичар, а треба да се напомене дека се разведе од Сајмон Ламб во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Томас Милер потпиша нов договор со челниците на Баерн

Баерн ги „смачка“ Викторија Плзењ и го сруши рекордот на Реал Мадрид

ВИДЕО: Судијата го означи крајот, а играчот на Интер почна да го брка фудбалерот на Баерн на теренот

Баерн Минхен го претстави Де Лихт