Митева: Европските пријатели со кои се фалеше Ковачевски се невидливи

Од:

Власта на Ковачевски и Ахмети има само една силна страна – успешно знае како да влезе од грешка во грешка. Но, неуспехот е голем, таа фатална грешка од попустливата надворешна политика која ја водеа, ја чини Македонија ново столче. И повторно, тоа столче не е на масата на ЕУ, туку во чекалната вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Високите европски претставници сметаат дека Македонија не е спремна да ги започне преговорите со ЕУ не поради Бугарија, туку поради високото ниво на криминал и корупција во врвот на власта.Додека ги манипулираа граѓаните и се криеја зад европските вредности, во Македонија проширија епидемија на корупција. Сржта на проблемот за ненапредокот на Македонија и немањето почеток на преговори со ЕУ е во немањето правна држава, поради владеењето на криминалот и несправувањето со корупцијата. За сите овие работи зборуваа сите наши стратешки соработници, дипломати, меѓународни организации, но Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ мислеа дека ќе успеат да го сокријат тоа зад името кое сами си го дадоа – проевропска влада, вели Митева.

Митева вели дека најмалку што можат да направат е да им се извинат на граѓаните за сите лаги, манипулации и ветувања кои им ги даваа додека нивната власт развиваше корупција.

– Ковачевски, Маричиќ и Османи кои деноноќно беседеа дека Македонија има пријатели, не успеаја до денес да ги убедат високите претставници да ја убедат Бугарија да го повлече ветото, а најдобар доказ дека тоа е возможно е почетокот на преговори со Украина. Дополнително, Социјалдемократскиот сојуз и германскиот канцелар Олаф Шолц се од исто политичко семејство на социјалдемократите, па се прашуваме зошто тие не го замолија бугарскиот премиер да ја напушти салата на кратка кафе пауза за да се изгласа одлуката Македонија да ги започне преговори со Европската Унија и на тој начин да се реши проблемот? Не успеаја да излобираат ништо за Македонија само затоа што никој во ЕУ не сака криминогено и корумпирано друштво. Последните одлуки покажаа дека секоја пречка ќе беше возможно да се надмине ако во Македонија имаше систем на вистински европски вредности, правна држава, реформирано судство и обвинителство и силна борба против криминалот, посочи портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски