ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го повикаат Шолц, претседател на нивна сестринска партија, како што го убедил Орбан да излезе од состанок на кратко истото да го направи и со Бугарија

Од:

СДС се толку одлепени од реалноста што не сфаќаат дека глупости од типот ВМРО е виновно зошто нема почеток на преговори, никој повеќе не им прифаќа како аргумент, ниту пак имаат некаква поента.

Наместо да трошат време на прес конференции, нека го повикаат Олаф Шолц, канцеларот на Германија и пријател на Македонија, а кој истовремено е претседател на сестринска партија на СДС, како што го убедил Орбан да го напушти состанокот за да ја протнат Украина, така да направи и со Бугарија за нас.

Ако тоа не се случи јасно е дека Бугарија не е единствена причина за блокадата на ЕУ интеграциите, туку криминалот и глупостите на власта, а големите членки на ЕУ тоа го кријат зад Бугарија.

Истовремено искажуваме задоволство од потегот на Унијата, која уште еднаш докажа дека доколку искрено се сака, може да направи се што е потребно за остварување на сопствените стратешки цели. Гледаме дека ако се сака, се се може. И тоа посебно не радува и охрабрува.

Воедно зачудува и истовремено воодушевува нивото на мазохизам на СДС, кои и покрај шамарите кои упорно ги добиваат од Унијата со Извештајот на ЕУ, а последно и со вакви јасни сигнали, дека во земјава има епидемија на корупција и хаосот и нефункционалноста на институциите се клучна причина зошто не не сакаат во ЕУ, дури и кога се спремни да молат премиерот да излегуваат од состаноци за да им помине некоја точка од интерес и за која нема дилема.

Исто така чуди зошто епидемијата на корупција во Македонија не е добар сигнал за да почнеме преговори имајќи го предвид фактот и рангирањето на Украина на листите на Транспаренси и натписите во угледните западни медиуми дека е кралство на корупцијата. Веројатно СДС и ДУИ имаат уште да надокнадат и не го стигнале врвот, иако некогаш врвот за некои е дно, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на пресот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Зелен кеј, модерни вело рути и безбедни јавни простори конкретни проекти за Ѓорче Петров

СДСМ: Мемов и ЗНАМ се против чистењето на депониите и ѓубрето, очајни обиди за негативна кампања

(ВИДЕО) Ристески: Четири години на ВМРО-ДПМНЕ, четири години застој, разочарувања и нула резултати во Аеродром!

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

А1он

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови

А1он