Илон Маск, еден од најбогатите луѓе во светот, е најпознат по неговата компанија за електрични автомобили Тесла и компанијата за вселенски летови Space X. Тој исто така инвестираше милијарди во развојот на сончевата енергија и вештачката интелигенција.
Меѓутоа, Маск сега сака Тесла да биде „технолошка“ компанија, а не само компанија за автомобили. Така, Тесла има намера да ја примени вештачката интелигенција која управува со возењето и со други уреди.
There’s a new bot in town 🤖
Check this out (until the very end)!https://t.co/duFdhwNe3K pic.twitter.com/8pbhwW0WNc
— Tesla Optimus (@Tesla_Optimus) December 13, 2023
Сега е претставена новата генерација на автономни роботи. Новиот „робот Тесла“ има подобрени функции на допир и може да подигне разни чувствителни и деликатни предмети, како јајца, без да ги оштети.
Тесла-бот има триесет проценти побрзо движење во споредба со претходниот модел, а геометријата на вештачкото стапало е слична на човечкото. Конечната верзија на роботот ќе се вика Optimus, а на пазарот би требало да се најде околу 2025 година.
Таквите роботи ќе можат да извршуваат цела низа задачи опасни за луѓето или да се користат за „досадни“ повторувачки задачи.