Градоначалникот Касами ја критикуваше полицијата за сообраќајниот хаос во Тетово, тврди дека има доволно паркинг места во градот

Од:

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денес одржа прес-конференција кај еден од градските булевари, а во обраќањето ја критикуваше полицијата дека не соработува со општината и затоа има сообраќајни метежи на поголемите сообраќајници. Според Касами поради неправилното двојно паркирање на улици, паркинзите стојат празни.

– Бележиме една ситуација со која живееме секојдневно во Тетово, а тоа е хаосот во сообраќајот каде што возилата паркираат секаде, а како што се забележува и денес и секој ден полицијата ја нема никаде. Во места каде што има обезбедено официјални паркинг места, гледаме дека тие паркинг места се полупразни а возилата се паркирани дали на улица дали на тротоар. За жал МВР, сообраќајна полиција не ги врши нивните работи, со месеци немаме координација меѓу општината и полицијата за да ги реализираме нашите обврски да за имаме уреден регулиран сообраќај во градот за да граѓаните можат да ги завршат нивните обврски и секојдневно и редовно, истакна Биљал Касами.

Градоначалникот се пожали дека поради оваа ситуација општината не може да спроведе и дел од јавните услуги кои се во нивна надлежност.

– Најпроблематично е со јавниот транспорт, како што можеме секој ден да забележиме дека во автобуските постројки се блокирани, автобусите се принудени да застанат на улица за да се симнат граѓаните од автобусите, односно да се качат. Исто така и камионите за јавна чистота не можат да ги подигнат сметот и поради тоа што и контејнерите се блокирани, рече Касами.

Тој побара полицијата повеќе да интервенира, а смета дека во Тетово нема потреба од дополнителен број паркинг места, туку подобро регулирање на сообраќајот.

– Затоа ја повикуваме сообраќајната полиција без политички калкулации да ги врши своите обврски во координација со општина Тетово за да имаме регулиран сообраќај за да можат граѓаните да се движат по улиците, тротоарите за да сите ние имаме уреден град. Ова е како предуслов за ние исто после како општина направиме пресметки колку и каде ни се потребни дополнителни паркинг места. Неслучајно сме тука во ова место каде што е најтесното грло на градот, има паркинг кој е полупразен. Исто така и во центарот на градот каде што е другата критична точка има подземен паркинг кој е речиси полупразен и ова докажува дека не се работи само за потребата од дополнително паркинг места, туку се работи за неинтервенирање на полицијата, невршење на нивните надлежности во делот на регулирање на сообраќајот, рече Касами.

Пред извесно време СВР Тетово објави податоци според кое за изминатите 11 месеци од 2023 се изречени вкупно 5148 мерки за непрописно односно погрешно паркирање на возила во Тетово, а од нив „пајак-служба“ подигнала вкупно 3767 погрешно паркирани возила, кои најдиректно го попречувале нормалното и безбедно движење на другите учесници на сообраќајот

На сите погрешно паркирани возачи изготвени им се предвидените поднесоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, најчесто и најмногу со парични глоби кои се движат од 35 до 180 евра во денарска противвредност, зависно од тоа – каде и како биле паркирани.

Би можело да ве интересира

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

Касами: Писмата кои Ахмети ги праќа до премиерот и до странски политичари не се во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година