Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија

Од:

Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија.

Тој, исто така, и додели кандидатски статус на Грузија и ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина кога ќе се постигне потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство во ЕУ.

Босна и Херцеговина има шанса до март следната година да ги донесе потребните закони и да докаже дека направила доволно на патот кон ЕУ, а потоа Европската комисија ќе усвои извештај за напредокот, со цел да се одлучи за следната чекори. Ова можеби ќе биде последната голема шанса за Босна да започне преговори до крајот на актуелната власт во ЕУ.

Денешниот договор беше постигнат за време на лидерскиот самит во Брисел, а се случи во екот на заканите со вето на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Би можело да ве интересира

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3

Дугин: Украинците се патетични, глупави неверни губитници без љубов, националисти без нацијa

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

Калас: Нападите на Русија врз Украина се интензивираа по понудата за прекин на огнот