Новак Ѓоковиќ по којзнае кој пат мораше да реагира на објавувањето на лажните вести за него.
Така неодамна се појавија информации дека тој е подготвен да купи тениски клуб во Марбеља и дека наводно „преговара со вдовицата на Маноло Сантана за преземање на клубот што го носи името на нејзиниот сопруг“.
И не помина многу време додека Новак реагираше на социјалните мрежи.
Fake news… https://t.co/ZHIJD8VAgw
— Novak Djokovic (@DjokerNole) December 14, 2023
Единствено што е точно е дека тој во последните неколку дена навистина е во Марбеља каде со својот тим се подготвува за стартот на следната сезона.